Добрососедство: Утре се потпишува договорот со кој Македонскиот јазик се сведува на уставна категорија

Собранието утре треба да го ратификува Договорот за добрососедство со Бугарија. Договорот беше потпишан од страна на Зоран Заев и Бојко Борисов лани во предвечерието на Илинден. Со него Македонија се откажа од грижата на македонското малцинство во Бугарија на сметка на грижата што Бугарија ќе ги има за македонските граѓани кои се чуствуваат како Бугари.

Исто така власта прифати договорот да биде потпишан на Македонски јазик според уставот на Македонија со што тој се сведе на уставна категорија.

Покрај тоа, власта се сложи да имаме заедничка историја со Бугарија и заеднички да славиме наши празници како Илинден.

Опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во гласањето а се очекува да биде усвоен со тенко мнозинство.