КАРАКАМИШЕВА: Оваа влада постои за да се исполни тиранската платформа

Тиранската платформа не само што не згасна како политички документ, туку тој е реално присутен и во политиките што ги креира владата, но и во меѓусебните односи на коалиционите партнери, вели универзитетската професорка д-р Тања Каракамишева – Јовановска во вечерашното отворено студио на Телевизија НОВА, каде што се анализира и оценувааат првите 100 дена на владата.

– И покрај тоа што имаше ветувања на сегашниот премиер Заев даде на шретседателот Иванов како писмена гаранција дека нема да с енаруши унитарниот каракте рна државата и дека со работењето на новата влада нема да се наруши безбедноста, сигурноста на граѓаните итн, но гледаме дека тоа е една голема лага и манипулација од страна на Зоран Заев кон македонската јавност, тука мислам и на граѓаните Македонци, Турци, Албанци…Станува јасно дека тиранската платформа мора да биде реализирана од прва до последна точка – вели Каракамишева – Јовановска.

Таа доадава дека оваа владина коалиција ќе постои се додека не се исполнат барањата од тиранската платформа и ако не се исполни едно барање, оваа коалиција ќе се распадне.