Охрид или Грција – Патриот или банкрот?!?! Еве каде на одмор за само 100 евра !!!

На море или во Охрид – да се биде патриот и парите да се остават дома или им се полнат џебовите на Грците кои не нѐ признаваат. Дилема на Македонскиот турист.

Секое лето иста приказна се фрлаат дрва и камења по цените во Охрид, по гостопримливоста на некои охриѓани, по условите за сместување… Охриѓани жестоко реагираат на овие прозивки, ги прогласуваат за предавници тие кои плукаат по Охридскиот туризам и кои одбираат да поминат да речеме поевтино на море во Грција отколку да банкротираат во Охрид.

Летувањето си го плаќаме од свој џеб и нормално секој сака да помине поубаво и поевтино, па се поставува прашањето зошто не се слушаат критиките од туристите па нешто да се подобри?.. а од друга страна пак дали сме реални, дали навистина летувањето надвор е подобро и поевтино??

Без да прозивам било кого еве неколку чисти факти – Грција на море, Охрид за исти цени а на езеро ИЛИ летување за само 100 евра?? Еве каде да летувате за само 100 евра.. Но да одиме со ред…

Охрид

OHRID

7 дена на охридската ривиера во приватно сместување, ќе ве чини околу 175 евра за две лица и 110 евра за исхрана и други трошоци, односно вкупно 285 евра. Цената на хотелското сместување во Охрид варира во зависност од категоријата на објектот од 25 до 40 евра по човек. Во текот на сезоната цените на производите во маркетите знаат и да се вивнат до небо.

Приватно сместување – пример – Во близина на плажите Кадмо и Куба Либре, кабелска, безжичен интернет, тераса, 1 бања за три соби. Цена: 300 денари кревет до 15 Јули, 350 по 15 Јули.

Соби во строгиот центар, на плоштадот во Охрид, со прекрасен поглед на езерото. Кабелска телевизија во секоја соба (55 канали)+ВИ-ФИ безжичен интернет неограничен. Бања со топла вода 24/7. Кујна опремена со сите елементи прибор. Приватен бесплатен паркинг. Цена: 350 денари.

ohrid plaza

Сепак има и вили кои нудат соба за двајца по цена од 1000 /2000 денари па нагоре за една ноќ. Услугата и условите во собите така-така. Зависи од к’сметот. Има угостители кои секоја чест и со цени и услови кои нудат, но некако тешко доаѓаат до израз од оние кои сакаат да се збогатат за два месеца сезона. Мора да се напомене дека повеќето од имателите на собите, менаџерите на хотелите се пак скопјани кои дошле во летната сезона да заработат за цела година работа, па им го рушат имиџот на охриѓани. Но кој и да е тој што ги надувува цените, сепак туристите сме тие кои мора да ги платиме. И да бидеме реални, Охрид не е воопшто евтин за џебот на македонскиот турист.

Пијалаците на плажа и во кафулињата се како и во другите туристички дестинации, но внимавајте на лежалките, не секаде исто се наплаќа – некаде бараат и до 300 денари за лежалка – 2 лежалки 600 денари или 10 евра на ден.

Едно макијато со кисела вода која што не е флаширана туку во чаша чини 160 денари, а со тоа немате ниту лежалка ниту чадор за сонце. Паркинг 50 денари еден час. Еден килограм пастрмка во Охрид 50 евра – 3000 денари, а во Лин и Подградец, гратчиња во Албанија, еден килограм пастрмка чини 10 евра – 600 денари.

Грција

grcija plaza

Во Грција апартман за двајца без клима уред е 30 евра, за да ти го дадат далечинското од климата Грците наплаќаат по 5 евра од ден, екстра се наплаќа и интернетот дури и во хотелите со неколку ѕвездички.  Позитивна страна – сепак си на море и тоа за малку пари. Негативност – секогаш можеш да наидеш на националисти кои мразат Македонци па да имаш непријатности, иако има и такви угостители кои дури се и премногу срдечни кон Македонците и велат ние од вас живееме, вие сте ни најчести гости.

Сепак во оваа приказна влегуваат и опасностите од „гостопримливите Грци“ коли ичкртани или пак непријатен третман на граница. Во хотелите, пак, преку агенции хотел со 3 ѕвезди може да се најде од 300 до 500 евра за соба за двајца со појадок. Лежалки бесплатно, обично доаѓаат со еден пијалок, кафе или сок. Паркинг не се наплаќа обично.

grcija lezalki

Што се однесува до цените во маркетите. Леб ќе чини 1 евро, € 1,5 литар млеко, пакет од 6 јајца околу 1,2 евра, кашкавал околу килограм може да се најде за 10 евра, исто и шунка. Ако јадете на „улица“, треба да знаете дека служат гиро порции по цена од  5-10 евра, додека познатите гиро пити и суфлаки се 1,8-2,5 евра. А парче пица чини околу 2 евра.

Цените во баровите – Сокови се околу 2 евра, 2,5 пиво, и коктелите се движат од 5 до 12 евра.

giro

Сепак не се само Охрид и Грција. Доколку сакате да си поминете евтин одмор, Македонија има неколку дестинации кои се живо џабе, а се прекрасни. Дојран, Струга, Шапка, Пелистер, Берово, Стење… Еден викенд за двајца или за тројца луѓе може да се истера за сума од околу 100 евра, заедно со патните трошоци до самата локација и, се разбира, без луксузирање.

Струга

струга maska_plaza_800l

300 денари (5 евра) приватно сместување соба од ден, во хотел пак ДВОКРЕВЕТНА СОБА 27 EU/по лице на ден полупансион, а во АПАРТМАН 65 EU/по лице на ден полупансион.

Дојран

dojran

Ноќевање за повеќедневен престој – 390ден. – за еден ден: 490ден. Апартмани и соби – цените од 1200 до 1500 ден, хотелско сместување 3700 ден. Плажите се средени во последните години, има многу кафулиња и содржини на самите плажи, комарците се досадни, понесете си средство за комарци (но ова истото важи и за Грција)

Плачковица

pljackovica2

На планината Плачковица се наоѓаат и три прекрасни кањони: Камник, Козјак и Зрновка во кои се наоѓаат прекрасни природни убавини како реки, водопади, преслапи, високи карпи… До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење (маркации, билборди, патокази, сајли и место за одмор). Од многуте убавини кои ги нуди планината Плачковица се и пештерите кои ги има повеќе, од кои пет се испитани и достапни за посетители. Најголема од нив е Големата пештера, со испитана должина од 600 метри.

Фамилијарна соба за 4 лица 4800 денари со појадок, 6140 денари со појадок и вечера (полупансион), 7200 денари со појадок, ручек и вечера (полн пансион). VIP Апартман 6000 денари со појадок.

Маврово

mavrovo

Чист воздух, чиста вода и пасишта на планината Бистра. Идеална атмосфера за авантура за сите спортисти, екологисти или пак обични луѓе кои сакаат да уживаат во природата на Националниот парк Маврово. Пример во хотел со 4 ѕвезди цената за летоска е од 25 до 40 евра за ноќ, деца бесплатно во соба со џакузи.

Кавадарци, Тиквешки регион – 100 евра за 4 дена

Kavadarci Tikvesh lake

Одгледувањето на виновата лоза во Македонија има корени уште од Античкото и Римското време. За сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за историјата на лозарството, сортите на грозје и процесот на правење на вино, тогаш задолжително треба да ја искусите старата лозарска традиција на Повардарско-тиквешкиот регион. Цени во хотел од 20 евра за ноќ па нагоре, во зависност од луксузноста на собата и што сѐ влегува во понудата.

Попова Шапка –  100 евра за 4 дена

popova sapka

Налето работат повеќе хотели во кои може да престојувате, а цените се од 700 денари ноќевање со појадок во четирикреветна соба, до 1.500 денари полн пансион за едно лице во двокреветна соба.

Пелистер – 4 дена за 100 евра

пелистер

Спиење со појадок чини 1.290 денари, полупансион – 1.410 денари, а полн пансион 1.530 денари за лице. Активен планински одмор, спортување и рекреација во прекрасната моликова шума на Пелистер – Користење на пешачките, алпинистичките и велосипедските патеки во туристичко – рекреативната зона на Националниот парк Пелистер 4 полни пансиони во лето во апартман се помалку од 100 евра.

Берово – 100 евра за 4 дена

berovsko2

Ноќевање со појадок во хотел почнува од 19 евра за лице во трокреветна соба, 20 евра за лице во двокреветна соба. Во вилите, пак, семејство може да го помине викендот во апартман со сопствени бања и кујна за 2.400 денари.

Селото Стење, на Преспанското Езеро – 100 евра 4 дена

стење плажа

Селото има еден мотел и повеќе сместувачки капацитети во приватни куќи. Во мотелот ноќевање со појадок чини 900 денари, полупансион 1.150 денари, а полн пансион 1.250 денари.

Мермерно езеро, Прилеп

прилепско памук кале - мермерно езеро

Едно од најновите откритија, како што објави ТВ Нова е Мермерното езеро во Прилеп, наречено и „македонското Памук Кале“, каде што сега засега не треба да платите ништо за капење и сончање. Меѓутоа, теренот е тешко пристапен и можете да одите само на еднодневна екскурзија бидејќи нема сместувачки капацитети, односно ќе треба да побарате сместување во Прилеп, но изгледа прекрасно и е џабе.

Табелата што ја објави „Свенска дагбалдет“, базирана врз резултатите од испитувањето на паритетот на куповната моќ во ЕУ, најевтина земја во Европа во однос на хотелските и ресторанските услуги е Македонија, а на второ и трето место се Албанија и Бугарија. Македонија во последните години сигурно се искачува на листите на топ туристички дестинации, a неодамна се најде и на листата на осумте најпосакувани туристички дестинации, рангирани според една интернет страница, во друштво на Сејшели, Шкотска, Бразил.

Анита Петровска Рајковиќ