Ќе го достигне ли „Македонија вработува 2“ очекуваниот успех?

Придвижување на економијата, забрзано отварање на нови работни места, поддршка на компаниите во услови на криза, олеснети услови за вработување на илјадници граѓани, пред се групи на луѓе кои најтешко наоѓаат работа.

Ова беше примарната цел на проектот „Македонија вработува“ кога пред повеќе од една година економскиот тим на Владата ја презентираше пред фирмите и граѓаните.

Иако на почетокот малку скептични и со доза на резервираност фирмите ја користеа мерката, за само само неколку месеци подоцна, немаше компанија која има потреба од зголемување на бројот на вработени а да не аплицира за вработување на некоја од петте категории на невработени лица кои беа опфатени со Македонија Вработува.

makedonija-ekonomija

Една година потоа, како што можеме и да видиме, резултатите се и повеќе од очекуваното. Над 19.000 вработувања и бенефит за над 10.000 фирми.

Но, кога ќе се анализираат длабински резултатите од овој проект, односно кој најмногу искористил, кои фирми и кои категории на невработени лица имале најголема потреба и бенефит може да се види дека проектот ја погодил целта.

Бројките кажуваат дека најмногу вработувања има кај микро и малите фирми односно оние кои имаат до 10 вработени и тоа во трговијата на мало. А најголем дел пак од лицата кои се вработени се со средно образование и лица до 35 години.

17mppqpfijoaxjpg

Тоа значи дека освен што овој проект помогна токму на домашните компании кои најтешко успеваат да дојдат до финансии во услови на криза, односно трговијата на мало која секогаш прва ги чуствува ефектите од влошување на состојбите во економијата, помогна на категоријата на невработени лица кои се во најпродуктивната фаза во животот, а тешко доаѓаат до работа, односно младите лица до 35 години.

Токму ваквите бројки беа и лајт мотивот на Владата, иако првично не планираше, сепак одлучи да ја продолжи уште една година оваа мерка односно да запопчне со Македонија вработува 2 со кој се очекува отварање на нови 20.000 работни места.

Ќе го достигне ли Македонија Вработува 2 очекуваниот успех?

Условите остануваат исти.

Мерката овозможува ослободување на плаќање на придонеси на неколку групи на невработени граѓани (невработени лица до 35 години, меѓу 35 и 50 години, над 50 и над 58 години како и социјално ранливи категории) и огромен опфат на невработени граѓани кои ги исполнуваат условите и кои полесно и побрзо ќе стигнат до вработување и работно место до редовна плата и до подобар и поквалитетен живот.

eksperti-kompanii

Тоа за фирмите пак значи заштеда на пари кои ке ги наменат за нови вработувања што на крај ке резултира со зголемена продуктивност.

За македонската економија пак ќе значи намалување на стапката на невработеност и намалување на сивата економија.

Ако Македонија вработува 2 ги достигне резултатите од првата фаза, а тоа беа  намалување на стапката на невработеност за 2,8 процентни поени за една година на историски најниска стапка од 24,6%, тогаш бенефитот би бил голем за сите, што впрочем е и примарната цел на овој проект.

Александра Спасевска