За фантомите,бетонот, бојкотот и медиумите

Каде исчезнаа оние 500 000 фантоми за кои обвинуваше опозицијата дека се наоѓаат на избирачкиот список и дека со нив власта ја извојувала победата на последните изборни циклуси?

Со гума ли се ибришаа при договарањето во Клубот на пратеници? Зарем од 500 000 или 300 000 фантоми, зависно од потребата тезите за непрочистен избирачки список се енија со 39 500 лица кои дополнително ќе треба да се пријават во ДИК доколку сакаат да гласаат? И на оние 170 000 од дијаспората кои ќе бидат обележани со ѕвездичка во никој случај избирачкото право нема да им се одземе. Несериозно од оваа дистанца изгледаат обвинувањата за фантоми, маратонските седници на ДИК, напуштањето на работата на највисокиот изборен орган.

Прифаќањето па одбивањето на активната регистрација на гласачите. Се паѓа во вода со фактот дека од овие 39 500 луѓе 90 проценти се етнички албанци од изборните единици со мнозинско етничко албанско население, гласачи на партиите од албанскиот блок. Излегува дека не Груевски туку Ахмети ќе треба да докажува дека победата не му е лажирана. И дека предноста во однос на Тачи е реална. Ќе видиме дали овие 39 500 се оние истите кои при пописот сакаа од Цирих или САД преку скајп да се попишуваат. Па можеби изминативе изборни циклуси и преку скајп гласале.

Уште посмешни се ставовите на челниците на СДСМ сега кога се паднаа во вода тврдењата за 500 000 фантоми, дека тие во минатото воопто не излегувале со такви тези. Или тврдењето на Шекеринска при едно интервју дека сега и овие 39 500 пази молим те според одредени невладини организации би можеле да земат до 12 пратеници доколку биле добро распоредени. Иако се знае дека се од изборните единици со албанско доминантно население. Сега и измените на изборниот законик им пречат. Не биле добро изведени.

Толку за фантомите. Сега малку за бојкотот. СДСМ изгледа продолжува со оди ми дојди ми политиката во Собрание. Како да заборавија на ствовите дека нема да се вратат на седниците и на комисиите се додека уставниот суд не го прогласи СЈО за уставно. Или доволна им беше гаранцијата дека доколку Уставен го прогласи за неуставно ќе има менување на уставот? Четирите политички партии ќе се заложат за усогласување на законот со одлуката на судот и повторно воспоставување на Специјалното Јавно Обвинителство во рок од 5 дена. Неколку пати претходно бојкотираа и се враќаа откако ќе се постигнеше договор или ќе ги наговореше меѓународниот фактор.

Да се надеваме дека во периодов кој следи нема да минеме низ уште една голгота со превирања, натегање и уште едно одложување на датумот за избори, веројатно 11 Декември. Дека бетонот во Декември поубаво ќе фати од оној кој и според ВМРО-ДПМНЕ требаше да гарантира дека на 5 јуни ќе гласаме. Дека новиот министер за внатрешни работи ќе се придржува до утврдениот број на смени во министерството, дека ќе имаме избалансирано известување кое ќе го контролира ад хок тело кое некои го нарекуваат хермафродитско и секако јавен сервис за кој господин Заев и другарите од најголемата опозициска партија ќе одлучат дека треба да биде главен уредник. Секако нели во насока на “департизираните” медиуми.