5 сериски убијци кои никогаш не се фатени

Сериските убијци во повеќето случаеви завршуваат во затвор, за нив има напишано неколку книги, снимени филмови, но за неколку години скоро и заборавени.

  • Лудиот месар

Лудиот месар, познат и како Kingsbury Run или Cleveland Torso Murderer, бил сериски убиец кој убил најмалку 12 лица во Кливленд, Охајо.

Лудиот месар убивал луѓе во текот на 1900 година, а својот надимак го добил по тоа што трупот на своите жртви го сечел на половина, а потоа им ги отсекувал главите.

Иако полицијата во тоа време ја водел легендарниот Елиот Нес, кој ги предводел и Untouchables-e (бестрашни момци кои никогаш не подлегнале на корупција, и го срушиле кралството на Ал Капоне), меѓутоа Лудиот Месар никогаш не успеале да го уапсат.

ludi-mesar

  • Фантом

Фантом (The Fhantom Killer), бил одговорен за пет смртни случаеви во 1946 година.

Покрај тоа што бил немилосрден, бил запомнен и по застрашувачката појава. Две преживеани жртви изјавиле дека Фантомот бил висок човек кој носел бела маска на која имало само отвори за очите.

Убиецот напаѓал млади парови во осамени или приватни места надвор од градот со помош на пиштол. Напаѓал само викенд, доцна во ноќта, во размак од 3 седмици.

fantom

 

  • Зодијак

Зодијакот бил активен од 1960 година до средината на 1970 год. Името Зодијак си го дал самиот во саркастичните писма кои ги праќал во полиција и во медиумите. И покај големата потрага по него, Зодијакот успеал да убие дури 7 лица, а полицијата никогаш не го открила неговиот идентитет.

Зодијакот испратил вкупно 4 шифрирани писма на новинарите и полицијата, од кои само едно е успешно дешифрирано. Во писмото наводно пишувал за неговите убиства, за тоа како сака да убива луѓе, како и, дека ќе оди во рајот кадешто жртвите ќе бидат негови робови.

zodijak

  • Servant Girl Annihilator

1885 година во Аустин, Тексас се појави злогласниот убиец кој медиумите и полицијата го нарекле “Servant Girl Annihilator”.

Познато е дека убил 16 девојки, така што преку ноќта влегувал кај нив дома, ги изнесувал надвор и ги убивал пред куќа.

И покрај напорната работа на полицијата кои привеле стотини осомничени, вистинскиот убиец никогаш не е уапсен.

servant-girl-annihilator

  • Жена без лице

Жена без лице, позната и како „Phantom of Heilbronn“, е непозната жена, сериски убиец, чие постоење е заклучено на основ на пронајдена ДНК на повеќе места на злосторства во Австрија, Франција и Германија (1993 – 2009)

Она што е најстрашно поврзано за Жената без лице, е тоа дека од 15 злосторства (од кои 6 убиства), немаат никаква поврзаност, освен пронајдената ДНК.