Дечиња се забавуваат на температури од -14 степени

fnjednjlj

Температурните ладни шокови кои ни ги приредува оваа зима, наметнуваат од дома да не помислиме да излеземе без топла облека.

Задолжителна зимска опрема составена од дебела јакна, капа, шал, ракавици и топли чизми.

Додека ние наоблечени брзаме низ улиците за што побрзо да се засолниме на топло, во Русија на многу повеќе под нулата, дечиња уживаат во ладното време и се радуваат на снегот.

Овие дечиња очигледно знаат како да се забавуваат и на температура од – 14 степени Целзиусови. Дечињата прво престојуваат во сауна за да се загреат, а потоа излегуваат надвор и се плеваат со вода чија температура е 25 степени Целзиусови.

Откако ќе заврши забавата на снегот, пијат топол чај. Се верува дека оваа игра на смрзнувачки температури го подобрува здравјето и издржливоста.

Габриела Додевска