Морковот му ја вратил бурмата која ја изгубил во градината

Еден 82-годишeн Германец ја изгубил својата бурма додека копал во градината пред три години. Откако дал се од себе за да ја најде, кренал раце мислејќи дека споменот од венчавката е засекогаш изгубен.

Но природата имала поинаков план, бидејќи венчалниот прстен му го вратила на најнеобичен можен начин. Додека проверувал како напредуваат морковите, многу се изненадил кога видел како од едниот наѕира бурмата која ја изгубил пред три години. Морковот растел околу прстенот, а симболот на љубовта бил лесен да се воочи.

Покојната жена била убедена дека нејзиниот сопруг кога тогаш ќе ја пронајде изгубената бурма и се покажа дека таа била во право.