Од денеска салоните за убавина во Калифорнија им нудат алкохол на клиентите

Од денеска жителите на американската држава Калифорнија официјално ќе можат да пијат алкохол додека се негуваат во салоните за убавина.

Фризерските салони, благодарение на новиот закон, ќе имаат право да им понудат на нивните клиенти 350 милилитри пиво или голема чаша вино, без да имаат потреба од дозвола за продажба на алкохол.

За оваа дозвола инсистираа 42.000 салонот за убавина во државата.

Според здруженијата за борба против алкохолизмот новите одредби можат да го олеснат пристапот на малолетниците до алкохолот.