Петстотини дваесет и пет години од откривањето на Новиот свет

Никој не знаел како Колумбо навистина изгледа, бидејќи не е пронајден ниту еден автентичен портрет од неговото време. Портретите на Колумбо кои ни се нас познати се само реконструкција на неговиот изглед од пишаните извори. Тој роден е во 1451 година во Џенова, а починал во 1506 година во Ваљадолида, Шпанија.

Колумбо првпат пловел на 19 години по Егејското Море со трговски брод кој му припаѓал на човекот за кого работел, а пред да стане адмирал и гувернер на Новиот свет бил и пират кој учествувал во нападите врз морските трговци.

На 12 октомври 1492 година Кристофер Колумбо првпат стапнува на тлото на Новиот свет. Колумбо на патувањето тргнал на 3 август 1492 година од пристаништето Палос со три бродови – Ниња, Пинта и Санта Марија со вкупно 90 луѓе.

По еден месец пловење Колумбо пристигнал до Канарски Острови, а неговиот екипаж се истоварил на Бахамски Острови со убедување дека пристигнале во Азија.

Подоцна Колумбо островот го нарекол Сан Салвадор. Гледајќи во водената површина пред себе тој извикал „баха маре“ што во превод значи плитко море. Така архипелагот и го доби името Бахами или Бахамски Острови.

По откривањето на Сан Салвадор го продолжува патот и на 23 октомври го губи од вид бродот Пинта и мисли дека капатенот дезертирал.

Куба ја открива на 28 октомври и ја именува како Хуана, во чест на ќерката на шпанскиот крал.

Бродот Санта Марија на 25 декември се насукал и не можел да ја продолжи пловидбата.

Колумбо остава 39 членови на екипажот и ветува дека ќе се врати. Плови на Ниња и повеќе никогаш не се сретнал со екипажот.

Меѓу 1492 и 1503 година дури четири пати патувал до Америка.

Кога Колумбо ја открил Америка, континентот веќе бил населен и имало околу 90 милиони жители што претставувало една третина од светската популација.

Повеќе од три милиони луѓе настрадале во војните, ропството и рудниците на островот Хиспаниола за време на неговото владеење, а се верува дека и тој самиот поттикнувал трговија со робови.

По едно напорно патување во 1504 година Колумбо и неговиот екипаж изгладнети и исцрпени заминале до Јамајка со цел да се одморат и да јадат. Меѓутоа, локалните жители не сакале да им дадат храна.

Колумбо посматрајќи го помрачувањето на Месечината на претходните патувања и читајќи некои предвидувања успешно го предвидел наредното помрачување и им рекол на локалните жители дека Месечината ќе исчезне доколку не му донесат храна.

Жителите на Јамајка се насмеале на тоа, меѓутоа Месечината во текот на вечерта навистина исчезнала, а преплашените жители наредното утро му донеле храна и правеле се само за тој да биде задоволен.

Во подоцнежните години од животот Колумбо ја напишал Книгата за пророштвото, каде тврди дека неговите патувања се мисија од Бог.

Инаку, често зборувал за својата желба да го прошири христијанството меѓу паганските култури што во тоа време биле многу популарни. Меѓутоа, тоа ширење на христијанството исто така подразбирало и контрола на европските владетели врз областите кои го примиле христијанството.

Колумбо верувал дека Земјата е релативно мала топка и тврдел дека со брод може да се стигне до Источна Азија пловејќи на запад. Неговата погрешна проценка за големината на Земјата и погрешните проценки за резервите на храна и вода можеле да доведат до неуспех на неговата експедиција, но за среќа на патот „наидува“ на за тоа време непознатиот континент Америка.

Колумбо починал мислејќи дека открил нов пат до Индија, а не нов континент, како што подоцна докажа Америго Веспучи, по кој подоцна континентот го доби името.

Лимонот почнал да се одгледува во Америка во 1493 година, благодарание на Колумбо, кој првпат донел сема од растението на островот Хиспаниола. Исто така, тој во Новиот свет ги претставил и коњите кои подоцна биле од суштинска важност за Индијанците.

Голем број историчари се согласуваат дека Лејф Ериксон, скандинавскиот истражувач бил првиот Европеец, кој пристигнал на американската почва речиси пет векови пред Кристофер Колумбо.

Симона Митровска