Тома Ковиј постави нов рекорд во пат околу светот

Французинот Тома Ковиј со својата 49-дневна пловидба околу светот во својот тримаран „Содебо Јултим”, го подобри досегашниот рекорд во патување сам околу светот за речиси осум дена.

Ковиј, кој исплови од бретањскиот пристаништен град Брест, ја обиколи Земјата за 49 дена, 3 часа, 7 минути и 38 секунди.

Досегашниот рекорд поставен пред околу осум години, му припаѓаше на Французинот, Франсис Жоаон.