Трик со кој вратата на автомобилот никогаш нема да ви замрзне

455-640x384

Една од најголемите зимски маки за возачите е замрзната врата на автомобил. Со помош на овој генијален трик, никогаш повеќе нема да го имате тој проблем.

Се што ви е потребно е некаков вид на масло.

Подмачкајте ја гумата околу вратите и следното утро ќе можете лесно да го отворите автомобилот.

Инаку, никогаш немојте на сила да отварате замрзната врата бидејќи може да ја оштетите. Доколку можете посипете ја со топла вода, но не врела затоа што може да дојде до пукање.