Хилари Клинтон пишува книга за поразот на изборите

Демократската кандидатка на изминатите американски претседателски избори Хилари Клинтон ќе напише книга за изборната кампања и поразот од републиканецот Доналд Трамп.

Поранешната државна секретарка, сенаторка и прва дама работи на збирка лични приказни во кои, меѓу другото, ќе пишува и за минатогодишната претседателска кампања во САД, соопшти издавачката куќа „Сајмон и Шустер“.

Книгата ќе биде објавена на есен и ќе биде инспирирана од нејзините најпознати цитати.

Хилари Клинтон ќе објави и ново илустрирано издание на бестселерот „It takes a Village“ за младите читатели.

Хилари Клинтон ќе ја продолжи соработка со агенцијата „Хари Вакер“, преку која ги реализираше платените говори, кои во текот на кампањата ги критикуваа нејзиниот ривал, Берни Сандерс и други.