Попај лажел: Спанаќот не е така богат со железо

Спанаќот, лиснат зелен зеленчук, кој децата често се принудувани да го јадат, не е така богат со железо како што досега се веруваше, тврдат германские научници.

– Тоа е една од најпознатите нутриционистички грешки, вели Хелга Струбе од Германскиот Сојуз на нутриционисти, а плод е на „типфелер“ од 19-от век.

Во текстот за количеството железо во спанаќот, некој тогаш погрешно евидентирал дека на секои сто грама во тој вид зеленчук има од 35 до 40 милиграма.

– Точниот податок е 3,5 до 4 милиграма, вели Струбен, дополнувајќи дека тоа не е ни приближно доволно за да се има мускули како оние на Попај.

Истовремено железото од растенија како што е спанаќот не е лесно искористиво во организмот како она од месото.