Првороденото бебе на Исланд во 1980 го роди првото дете во 2017 година

fdnjsfednjs

Кетрин Гудјонсдотир од Исланд која беше првото дете родено во земјата во 1980 година, се породи на 1 јануари 2017 година три минути по полноќ и го роди првото бебе во Исланд во оваа година.

Катрин доби син со кој не само што ќе го дели роденденот, туку и титулата на првородено бебе во една година, јави Н1.

Првородените бебиња на Исланд не добиваат никакви посебни награди, надоместоци или подароци, но овој необичен случај привлече големо внимание кај медиумите и надвор од оваа островска земја.