Македонија во вториот шешир на ждрепката за квалификациите за ЕП 2018

Машката македонска ракометна репрезентација ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2018 година што ќе се одржи во Хрватска ќе ја чека од вториот по квалитет шешир.

Македонија сигурно нема да игра против, Русија, Норвешка, Унгарија, Словенија, Белорусија и Австрија кои се во истиот шешир.

Во најквалитетниот шешир покрај актуелниот европски шампион Германија, се олимпискиот и светски првак Франција, како и селекциите на: Шпанија, Данска, Полска, Шведска и Исланд.

Селекциите на: Србија, Чешка, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Холандија, Португалија и Литванија се во третиот шешир, а во четвртиот покрај, Словачка, Летонија, Украина, Швајцарија, ќе се најдат и селекциите победници од предквалификациските натпреварите, Израел – Романија, Турција – Белгија и Финска – Луксембург.

 

Ждрепката ќе се одржи на 14 април во Дубровник, квалификациите за ЕП 2018 ќе започнат на 2 ноевмри 2016 година, а ќе завршат на18 јуни 2017 година.