Нова година, нови поскапувања: Граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Јануари ни е најмачниот месец во годината. Едвај врзуваме крај со крај. Некои наши сограѓани месецот го “преживуваат” и со позајмување на пари, но сепак откако ќе завршат сите празници дури тогаш велат ќе знаат точно колку се во минус. Дополнително, на товар на граѓаните паѓа и покачувањето на цените. Дел од анкетираните велат дека веќе почнале да го чувствуваат ова зголемување на цените.  Сметаат дека треба да се зголемат и платите, а не се само цените на производите.

Нафтата, лебот, водата, цигарите се само дел од основните продукти кои поскапија или ќе поскапат во текот на годинава. Покачувањата се веќе видливи. Ценовниот шок – неизбежен. И државниот завод за статистика во своите извештаи го потврдува истото. Стравувањата не познавачите се дека зголемувањето на цените нема да запре овде.

Данче Азманова