Призна дека не се брани името: За Димитров, фразите од типот „го браниме името“ не соодветстувале со реалноста

Министерот Никола Димитров вчера гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.  Тој се осврна на средбите во грција и откри што се очекува од медијаторот Нимиц.

– Факт е дека меѓу нас има уште разлики и ќе видиме дали ќе биде можно тие разлики да ги надминеме. Многу е важно за Грција да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во идентитетските прашања и многу е важно да најдеме достоинствен начин, изјави синоќа министерот, додавајќи дека површните фрази од типот „Го браниме името“ не соодветствуваат со реалноста.

Според него предлогот на Нимиц нема да биде Земи или остави, туку предмет на консултации, а решението мора да биде достоинствено.