Девојката на принцот Хари на чај со кралицата

Се поочигледно е дека принцот Хари и неговата девојка Меган Маркл повеќе не се кријат и се почесто се заедно во јавноста како би ја зацврстиле својата врска.

Имено деновиве девојката е забележана како влегува во Бакингамската палата каде што се сретнала со кралицата Елизабета Втора, а воедно и баба на нејзиното момче принцот Хари.

За време на нивната средба тие пиеле чај во приватната дневна соба на кралицата, а тоа е повеќе од знак дека кралското семејство многу набрзо може да добие уште една снаа.