Дваесет и пет години подоцна: Што навистина се случило во спотот „November Rain”?

Поминаа 25 години откако на МТВ првпат е прикажан спотот на групата „Ганс енд роузис“ за песната „November Rain”. Но, многу обожаватели ни денес не знаат за што точно се работи. На спотот има венчавка, но невестата е мртва, а во воздухот виси прашањето „како таа умрела“?

Овој хит многумина сметаат дека е еден од најнејасните рок-опери во историјата. Улогата на девојката ја добила тогашната девојка на Аксел Роуз, манекенката Стефани Симор. Оние кои биле дел од спотот велат дека не знаат како загинала. Идејата била да се сними спот од епски размери, а трошоците растеле секој ден. Целиот спот чинел тогаш рекордни милион и 500 илјади долари. Само за сцена од 27 секунди имале на распологање пет камери, кранови, хеликоптер, огроммна екипа. Ликот на невестата во приказната е битен бидејќи во спорот се сугерира дека таа почина брзо по венчавката.

Или пак не? Никој не знаел што се случува.

Не се знае зошто е Симон снимена во ковчег така што огледалото и го прекрива пола лице. Во приказната за песната се дознава дека невестата извршила самоубиство, пукајќи со во глава со пиштолот. Тоа би го објаснило огледалото кое понекогаш се користи во ситуации со отворени ковчези, кога главата на телото е уништена, а одразот во огледалото создава илузија дека е се во ред.

Девојката значи не ја убил дождот, а виновникот не е ниту Аксел Розу, кој, според некои тврдења спаѓа меѓу осомничените, бидејќи постои сцена во спотот во која тој проаѓа покрај продавница со оружје.