Еве како изгледа сопругата на холивудскиот манијак

Вистината за Харви Вајнстин, продуцентот кој сексуално малтретирал и злоупотребувал жени во Холивуд, го шокираше светот.

Досега, повеќе од 30 жени јавно ги споделија своите искуства со сексуалниот манијак, а помеѓу нив се Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу и Кара Делевињ.

По одекнувањето на скандалот, неговата сопруга Џорџина Чапман побара развод од продуцентот.

-Срцето ми е скршено за сите жени кои претрпеле голема болка поради неговите постапки, изјави дизајнерката за „People“. Инаку Џорџина е ко-основач на светски познатиот бренд Маркеса.