Гал Гадот во филм за постнацистичка Германија

Ѕвездата од годинешниот хит „Вондервоман“, Гал Гадот преговара за улога во „Ruin“ – крими-филм за постнацистичка Германија, кој се уште е во претпродукција.

Режисерот Џастин Курцел изјави дека приказната е за поранешен нацистички капетан кој, сакајќи да се искупи за своите злосторства, ги „лови“ и убива своите СС офицери од тимот.

Не е познато каква улога ќе има Гадот во филмот.

Актерката следната ќе ја видиме во продолжението на „Вондервоман“.