ЈА УБИЛ СО СЕКИРА: Извештајот од обдукцијата открива нови морничави детали

Пејачката Јелена Марјановиќ почина од тешки повреди коишто се нанесени од секира.

Според наодите на експертската комисија Јелена Марјановиќ примила девет удари со предмет што би можел да биде секира.

– Раните и повредите на нејзината глава се со длабоки удари коишто не можат да бидат од тап предмет како што е каменот, исто така нема рани кои би наликувале дека се нанесени со кујнски нож или шрафцигер, тие укажуваат на длабоко сечило со поголема тежина, изјавува вештакот.

На језивите фотографии од обдукцијата, се гледаат длабоки рани и сите се на темето, на лицето нема ниту една повреда, тоа потврдува дека Јелена е нападната од грб.

– После првиот удар таа најверојатно пробала да се одбрани, ама паднала на стомак. Левата страна на лицето, спрема повредите, останало на земја додека осомничениот продолжил да ја удира. Черепот е практично смачкан. Повредите се навистина страшни, истакнува за соговорник запознаен со истрагата и додава дека експертите утврдиле дека тоа е девет удари.

Тој потврдува дека Јелена со тешки повреди пробала да се одбрани од напаѓачот и како доказ за тоа се повредите на рацете, меѓутоа во овој случај ќе треба да се направи дополнителна анализа затоа што вештаците не го одредиле се уште времето на смртта.

Како место на убиството се назначува насипот во населбата Црвена во Борча, каде што осомничениот во своето сведочење изјави дека ја видел Јелена за последен пат.

„Имајќи предвид дека сé уште има многу нелогичности, за време на веќе започнатите постапки ќе треба да се заменат со нови докази доколку се појават во текот на постапката. Не е исклучена можноста дека првичните наоди ќе бидат коригирани во одредени сегменти, првенствено за местото каде што била убиена Јелена, особено ако се има предвид дека нејзиното тело е пронајдено само 20 часа подоцна, но исто така и дека на местото каде што е пронајдено немало многу крв“, вели соговорникот запознаен со истрагата.