Албанските медиуми заинтересирани за кариерата на Тамара Ангеловска

tamara-angelovska

Тамара Ангеловска, новата македонска пејачка која неодамна ја промовираше својата втора песна насловена како „Не можам без тебе“ заедно со видеозапис во продукција на Џубокс Видео, пробуди интереси кај албанските медиумите.

screenshot_1

Имено, низа албански медиуми објавија позитивни критики за најновиот музички проект на тинејџерката Тамара Ангеловска. Песната е авторско дело на добро познатиот Иле Спасев (музика и ангажман) и Даниела Хаџи-Тоневска (текст).

screenshot_2

Ангеловска уште при самата промоција најави дека заедно со својот тим веќе започнале со подготовки за нов музички проект кој светлината на денот ќе ја види кон средината на месец февруари.