Даниел Кајмакоски ќе стане татко, манекенката Кристина е бремена

Поради пристигнувањето на новиот член тие ги забрзале и плановите за одење пред матичар за да ја официјализираат својата врска.

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (33) со посебна радост ја дочекува 2017 година, со оглед на тоа дека тој и неговата избраничка Кристина Димитриевска (20) кон крајот на зимата го очекуваат своето прво дете, пишува српски „Стори“.

Поради пристигнувањето на новиот член Даниел и Кристина ги забрзале и плановите за одење пред матичар за да ја официјализираат својата врска. За љубовниот живот на популарниот пејач многупати се шпекулираше, но деталите главно остануваа непознати.

Даниел ја започна врската со манекенката Кристина Димитриевска, а со тек на времето работите меѓу нив стануваа сè посериозни. Тие двајца сега ќе се остварат во најбавата улога, во улогата на родители.