Јордан Митев за празниците во Италија – годинава ќе не почести со нов албум

jordan-mitev

Фолкерот Јордан Митев 2017-та година ја дочека работно, во Италија каде настапуваше две вечери, и тоа во новогодишната ноќ и следниот ден (на 1 јануари).

jordan-mitev-2

Митев вели дека поминал одлично и задоволен е од атмосферата и посетеноста.

– Како и секоја Нова година така и оваа поминав одлично. Народ, исполнетост до последното место, а тоа е доволно кај мене да се запалат четирите мотори и да го извадам максимумот од мене за да пренесам силна музичка енергија која ќе создаде да луѓето уживаат и се забавуваат“, вели Митев, кој патувањето во Италија го искористил и за да го посети Монако каде бил со близок круг на пријатели.

jordan-mitev-3

– Ова патување беше добар крај на старата година, но и одличен почеток на новата. Па ако се вели дека по утрото денот се познава, тогаш оваа година мислам дека ќе биде добра, а некако тоа мислење го делат и многу луѓе кои ги сретнав во овој период – дека оваа година ќе биде подобра од претходната. Па да видиме“, додава Митев, кој патем им ги честита новогодишните и божиќните празници на сите православни христијани.

Веднаш по празниците Митев, како што и најави на самиот крај од 2016 година, стартува со подготовките за работа на новиот албум.