ПОТЕГ ЗА ПРИМЕР: Насмевки, љубов и подароци за дечињата од Лидија и „Ориентал бенд“

Лидија Паскова и нејзините момци од „Ориентал бенд“, деновиве ги посетија и израдуваа дечињата од Ј.У. Специјален завод Демир Капија.

По повод новогодишните и божиќните празници сите дечиња од овој завод си добија пакетчиња полни со многу љубов, а насмевките на нивните лица само покажаа колку едно мало внимание може да ги усреќи и да ги потсети дека сите мислиме на нив и за празниците им даруваме топлина и еден куп прегратки.

– Срцето ми е полно, бидејќи дечињата беа пресреќни. Пеевме, игравме, се дружевме… Благодариме и на директорката на Специјалниот завод во Демир Капија која не пречека одлично, вели Лидија Паскова.

15731215_10209881302821050_1536244628_n