Ристе Ристески празнично ја отвори душата: 2016-та му го отворила патот за неговата музичка кариера

Моментално најбараниот македонски изведувач кој јавноста ја освои со моќни настапи и доби лавина позитивни коментари од строгото стручно жири во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ празнично ја отвори душата и на својот Фејсбук профил откри што претставува за него 2016-та година.

– Оваа година за мене беше една посебна година и искуство, патоказ во животот, надеж и водилник во мојата работа – кариера, меѓу другото пишува Ристе.

Очигледно Ристески не може да го скрие задоволството од 2016-тата година во која ја продолжи својата музичка кариера во регионот, а ја најави и својата прва студиска песна која треба да биде апсолутен хит.

Неговиот профил на Инстаграм веќе брои повеќе од 10.500 фанови, додека на официјалната Фејсбук страница има околу 22.000 фанови. Во продолжение погледнете го интегрално статусот.