Ристе Ристески се врати дома за да сними нова песна

riste-risteski

Моментално најпопуларниот Македонец во новата сезона на регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“ и ексклузивец на „Гранд“ продукција по четири месечен ангажман во клубот „Палма“ во Швајцарија, се врати во Македонија.

Ристески по враќањето од Швајцарија им овозможи на своите сограѓани да уживаат во неговите вокални способности, да уживаат во неговата појава и харизма со која атмосферата во клубовите достигнува точка на топење. Преку својот Фејсбук профил, Ристе Ристески се пошегува на сметка на политичките партии велејќи дека освоил повеќе гласови алудирајќи на преполните дискотеки во кои настапува, но она што е особено интересно е што младиот пејач и официјално ја најави својата прва студиска песна.

– Јас освоив уште еден град, клуб, луѓе и пријатели. Направив се што е во моја способност да ги расположам и да имаат убав помин – Јас победив! Не со 51 пратеник, туку со многу повеќе пратеници, луѓе кои ме поддржуваат и доаѓаат на моите настапи ширум Македонија… Фала ви за тоа, а наскоро ќе ве почестам со нова песна, напиша Ристе Ристески на својот Фејсбук профил постирајќи фотографија од настап.

riste-valandovo

Како потсетување, Ристе Ристески во едно интервју за национална телевизија вети дека својата прва студиска песна ќе ја отпее на македонски јазик, па доколку се држи до својот збор јавноста може да очекува македонска нумера со тенденција да стане вистински регионален хит.