НОВА ВОЈНА: Едита ја навреди Луна, а потоа Анабела откри нешто кое сигурно не сте го знаеле

Пред неколку дена пејачката Едита Арадиновиќ јавно ја искоментира љубовна врска на Луна Џогани и Слобо Радановиќ.

“Еве, во едно реално шоу, една девојка си кажува дека е дама, а таа е способна да уништи нечиј брак, семејство и достоинство, и такви господин – сопруг кои се претставуваат како верни на своите жени, а го прават спротивното, ова е свет во кои сличен на сличниот му се радува. Јас сум толку среќна и чесна жена, и затоа стомакот ми се разболува кога ќе го видам ова”, рече Едита, а потоа истакна дека таквата романса никогаш не можела да се случи неа.

„Никогаш во животот, па макар и да е од злато. Тоа ми е одвратно. Се нервирам само кога ќе помислам на тоа. Таа кажува дека се заљубила и мене драго ми е. Девојката е сигурно од таква природа тоа не можам да го оспорам, но ова воспитување доаѓа од дома. Треба некоја граница да се има. Постојат мажи коишто си го заштитуваат своето семејство и такви кои го расипуваат. Нека оди, нека биде со таа или оваа, ама нека биде доволно морален пред луѓето и да си ја заштити својата жена која го поминала животот со него“, додала Едита.

По повод на овие изјави се огласи и познатата пејачка Анабела Атијас, која откри дека Едита и Инди се роднини со Луна.

„Едита и Луна се братучетки по Гаги и нејзината мајка, Инди и Едита се први братучетки на Луна, нека живеат и нека се здрави, ќе ги сакам што било да направат, тие деца пораснаа со нас”, рече Анабела.