Бенедеикт Камбербач како доктор Стрејнџ

Добра вест за љубителите на филмовите за суперхерои, пристигнува новиот хит „Доктор Стрејнџ“ во кој главна улога ја игра Бенедикт Камбербач.

Од студиото Марвел стигнува филмот кој зборува за светски познатиот неврохирург др. Стивен Стрејнџ, кому животот засекогаш ќе му се смени откако рацете ќе му останат парализирани после сообраќајна несреќа. Со оглед на тоа дека традиционалната медицина не може да му помогне, тој ќе биде принуден лекот да го бара во мистериозната енклава позната како Камар – Таџ.

Набрзо ќе сфати дека тоа не е само центар за лекување туку и прва борбена линија против мрачните сили кои сакаат да ја уништат нашата реалност.

Покрај Камбербач, во филмот играат и Рејчел Мекадамс и Тилда Свинтон.