Џенифер Лопез дел од жирито во новата сезона од „Ворлд оф денс“

jennifer-lopez-best-picture-wallpaper-640x425

Џенифер Лопез ќе биде дел од жирито во новата сезона од танцувачкото реално шоу „Ворлд оф денс“, каде главната награда изнесува еден милион долари.

Оние кои во наредните неколку месеци ќе се најдат под будното на Лопез, која исто така својата кариера ја започна како танчерка, ќе треба прво да поминат преку кастинг, а потоа и во другите елиминациски кругови. Учесниците ќе треба да покажат што знаат и умеат во балетот, брејк денсот, рап, латино и други.

– Јас се поистоветувам со таа борба, со страста, дисциплината, натпреварувачкиот дух и енергичноста на танците. Возбудена сум заради оваа емисија, којашто ќе ја истрела во вселената кариерата на некој танчер, и ние ќе го насочиме кон успехот, изјави Лопез.