Мартин Гарикс ќе настапува на доделувањето на европските МТВ награди

Ди-џејот Матрин Гарикс ќе настапи на доделувањето на европските МТВ награди на 6 ноември во Ротердам, а настапот во живо ќе биде прикажан на Регионалниот МТВ канал.

Меѓу имињата на првите познати презентери на доделувањето на наградите се глумиците на претстојниот актерски филмски хит xXx:Retryb if Hander Cage, Нина Добрев и Дипика Падукон, супермоделот Џордан Дан, канадската активистка и модел Вини Харлоу, и раперот и актер Џејден Смит.

Водителката на доделувањето МТВ ЕМА наградите е поп пејачката Биби Рекса, која ќе настапи заедно со останатите изведувачи меѓу кои Бруно Марс, Уан Репаблик, Мартин Гарикс, Шон Мендез, DNCE, Лукас Греем и Зара Ларсон.

Мартин Гарикс е холандски ди-џеј кој славата ја стекна на само 17 години со хитот „Енималс“.