Пени од „Бубалици“ сепак ќе облече вистинска венчаница

Ако ве разочара брзата венчавка на Пени и Ленард во „Бубалици“, пристигнува навистина убаво изненадување.

Најневеројатната двојка од малите екрани ќе направи вистинско венчавање во првата епизода во десеттата сезона, која ќе се емитува кон крајот на овој месец.

Освен тоа што Пени ќе ја видиме во венчаница, првпат ќе добиеме можност да го запознаеме нејзиното семејство. Таткото го игра Кит Карадин, а Џек Мекбраер ќе биде нејзиниот брат Рандал. Тоа што е најубаво, мајката на Пени, Сузан ќе ја игра Кејти Сагал и со тоа ќе продолжни нивниот однос мајка и ќерка од серијата „Осум едноставни правила“.

Како тоа да не беше доволно изненадувања, конечно ќе го дознаеме и презимето на Пени, а во епизодата ќе се појави и Дин Норис, кој се прослави со „Breaking Bad“, објави „Дигитал Спај“.

Но, еве и една лоша вест за вљубениците во оваа серија. Според американските таблиди, оваа десеттата сезона веројатно ќе биде и последна од серијата.