СКАНДАЛ: Новинар почна емисија со лапсус за смртта на Хилари Клинтон

Новинар на њујоршката телевизија Еј-Би-Си-7 направи скандалозен лапсус кога објави дека кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон – починала.

– Емисијата ја започнуваме со вонредни вести за смртта на Хилари Клинтон, рече водителот Џо Торес во емисијата, емитувана во неделата, а откако беше објавено дека на поранешната државна секретарка и се слошило.

Потоа тој рече дека докторите кај Хилари Клинтон дијагностицирале воспаление на градниот кош, и потоа со колешката продолжи да разговара за здравствената состојба на кандидатот на демократите.

– Во текот на воведот во приказната за здравјето на Хилари Клинтон  емитувана во живот, Џо Торес ненамерно рече „смрт“ наместо „здравје“, информира потпаролот на ТВ станицата.

Според неговите зборови, јасно е од контекстот на приказната, информацијата на новинарот и графиката на екранот дека Кллинтон е жива и дека се опоравува.