Се породи фолк пејачката Рада Сариќ

Познатата пејачка во понеделникот на 9-ти октомври точно на пладне стана мајка.

Младата ѕвезда на Гранд донесе на свет син тежок 4,2 кг.

Со самото тоа нејзиниот наследник е еден од најголемите бебиња родени во изминатиов период.

Познатиот хармоникаш Ацо Софронијевиќ и честиташе на својата колешка со многу интересна порака.

„Секоја чест на храброста те бакнуваме и сакаме многу“, напиша тој.