Анџелина Џоли снимена по написот дека умира (фото)

Откако американскиот таблоид „Нешанл Енкваер“ на својата насловна страна објави фотографија на Анџелина Џоли со застрашувачки изглед, со тврдење дека актерката умира, во јавноста се појавија и снимки како таа ги минува празниците.

Анџелина е снимена е на скијање во Колорадо, додека шета со децата.

На фотографиите таа не изгледа болна, ниту како да има 34 килограми, како што тврдеше таблоидот, туку е добро расположена и се шегува со децата, објави „Дејли Мејл“.

По сензационалистичкиот натпис во „Нешанл Енкваер“ во одбрана на Анџелина Џоли застана блогерот Перез Хилтон.

– Јас го разбирам сензационализмот, но не ми е јасно како некој може да го напрви ова, напиша Перез покрај фотографијата на спорната насловна.

grfevfred