Добија дете, но бракот никако да дојде на ред: Дали Адел тајно се омажи?

casdcsdcsdcsd

Светските медиуми јавуваат дека поп пејачката Адел се омажила во тајност за долгогодишниот партнер Сајмон Конецки, со кого има син.

Британската пејачка и нејзиниот вереник уште во октомври ја објавија двојната веридба. Тие почнаа да се забавуваат во 2011 година, а една година подоцна го добија синот Анџело.

Светските медиуми јавуваат дека парот и конечно се венчал во тајност. Тие известуваат дека Адел носела златен прстен на левата рака на вечерата на Беверли Хилс, што предизвика сомневања.

Адел претходно изјавуваше дека сака скромна свадба, организирана во кругот на семејството.

Пријател на парот изјави дека тие планираат да се венчаат во Лос Анџелес за време на школските празници, но оти желба им е на венчавката да биде присутна и ќерката за Сајмон од претходниот брак.