Хилари Даф поради славата веќе не сака да биде во романтични врски

ејачката Хилари Даф (29) изјави дека е малку застрашувачки да се биде во врска кога си славен. Таа вели дека притисокот бил толку голем, што веќе не сака да минува низ сето тоа. Ако се вљуби нема да се спротиставува на тие чувства, но љубовта не и е приоритет.

– Бев многу млада кога се омажив и имав убав брак неколку години. Но веќе не сакам да се мажам, изјави актерката и пејачка Хилари Даф.

Таа шест години беше во брак со поранешниот хокеар Мајк Комри (36). Тие заедно го имаат четиригодишниот син Лука Круз, а Хилари вели дека токму поради него останале во пријателски односи, бидејќи сакаат заедно да го одгледуваат.