Непрeпознатлива восочна фигура на Бијонсе во музеј во Канада

Еден Музеј на восочни фигури во Канада стекна глобална популарност, поради скулптура кој би требалко да ја претставува Бијонсе.

Имено, една посетителка на музејот на Твитер објави фотографија на восочна фигура, која треба да ја претставува Бијонсе, но многумина се согласуваат дека таа не наликува на познатата пејачка.

Оваа фотографија покрена серија расправи на социјалните мрежи, колку восочните фигури во музеите навистина личат на личности кои треба да ги претставуваат.

По фотографијата од кандскиот музеј, на Твитер се појавија повеќе други снимки од восочни фигури на Бијонсе од други изложбени поставки, при што заклучоците најчесто беа дека тие само потсетуваат на пејачката, но не личат на неа.