Неуспешен обид за додворување на фудбалерот Гастон Рамирез (фото)

fenjdenj

Фудбалерите вообичаено важат за типови на мажи кои жените ретко ги одбиваат и кои имаат „значајни успеси“ на љубовен план.

Но, овој стереотип не се потврди во случајот на фудбалерот на Миделсборо, Уругваецот Гастон Рамирез.

Имено, Рамирез се обидел да се запознае со една девојка чии фотографии ги видел на Инстраграм и и пишал приватна порака, со цел да се запознаат.

Но, работите не се одвивале онака како што посакувал Рамирез. На неговата порака до девојката по име Зои Вилсон: „Дали си сингл“, таа одговорила: „Јас сум, но ти не си“, по што ми пратила и копии од написи за неговиот живот и за сопругата Микаела Дуарте објавени во таблоидите.

За работата да биде уште полоша за Рамирез, Вилсон целата нивна преписка ја објавила на својот налог на Твитер.

Инаку, Рамирез не само што е во брак со Дуарте, туку на почетокот на минатата година тие добија и дете.

frnjsednj