Планирала да ја разнесе Белата куќа: Мадона под истрага заради заканите кон Трамп

Тајната служба најави истрага поради зборовите кои Мадона ги изговори на „Женскиот марш“ во Вашингтон.

Таа изјави дека планирала да ја крене во воздух Белата куќа.

Кралицата на попот предизвика контроверзи со својот говор пред половина милион собрани граѓани во знак на поддршка на правата на жените кои се загрозени со промените кои ги најави новиот претседател на САД.

-Бесна сум и размислував многу за тоа да ја кренам во воздух Белата куќа. Но незнам дали тоа нешто ќе промени, рече Мадона.

Портпаролот на тајната служба рече дека се свесни за зборовите на Мадона и дека ќе покренат истрага, но дека конечната одлука за тоа дали ќе поднесат пријава против пејачката донесува државниот обвинител.

Бурни реакции предизвика и актерката Ешли Џад која Трамп го спореди со Хитлер, „кој наместо мустаќи сега носи перика“.