Рајан Гослинг ќе го игра астронаутот Нил Армстронг

Канадскиот актер Рајан Гослинг ќе го игра Нил Амстронг, првиот човек на што стапна на Месечината, во филмот „Првиот човек“, чиј режисер е Дајмон Чазел, објави „Вараети“.

Филмот се темели на биографијата на Армстронг „Првиот Човек: Животот на Нил А. Армстронг“, која во 2005 година  ја објави историчарот на НАСА, Џејмс Хансен. Сценарист на филмот е Џон Сингер,

Дејствието во филмот се одвива во периодот од 1961 до 1969 година во текот на подготовките за првата мисија на Месечината.

„Вараети“ дознада дека договорот е склучен и дека филмот со снимање ќе почне на почетокот на 2017 година.

Клинт Иствуд и „Варнер Брос“ ги открија филмските права на книгата, уште две години пред нејзиното објавување. Според оовј план, Иствуд требаше да биде режисер и продуцент на филмот, но проектот пропадна.

По успехот на филмот „Whipsash“ кон крајот на 2014 година почнаа шпекуалции дека Чазел е во преговори за преземање на правата на книгата.

Ова ќе биде втора соработка на Гослилнг и Чазел по мјузиклот „La La Land“.