Синот на Шабан Шаулиќ „шутнат“ од страна на Драгана Џајиќ

Љубовната врска на ќерката на фудбалската легенда Драгана Џајиќ и синот на фолк-пејачот Шабан Шаулиќ , Михајло, до неодамна на многумина им делуваше складно, двојката решила да стави крај на својата романса.

-Михајло постојано и приговарал на Драгана поради тоа што таа живее во Монте Карло, а тој во Белград. Поточно, сакале таа да се врати во Србија и да започнат заеднички живот. На неа воопшто не и се допаднал таквиот предлог, бидејќи во странство има кариера од која не сака да се откаже. Таа била изненадена кога слушнала што сака Михајло од неа – изјавил доброупатен изброр за српските медиуми.

шаулиќ

– На нему му пречеше тоа што не се гледаат често, па почнал да и прави љубоморни сцени. Таа повеќе не можела да го поднесе тоа, па при нивната последна средба решила да ја прекине љубовта со Михајло. Му рекла дека е најдобро нивната приказна да заврши и дека можат да останат пријатели- завршувал изворот.