Тод Хејнс ќе режира филм за групата „Велвет Андерграунд“

Режисерот Тод Хејнс за време на Филмскиот фестивал во Локарно најави дека еден од неговите наредни проекти би можел да биде документарен филм за легендарната њујоршка група „Велвет Андерграунд“.

Најавата на Хејнс доаѓа само неколку месеци по одбележувањето на 50- годишнината од објавувањето на првиот албум на групата „The Velvet Underground & Nico“.

– Тие се еден од највлијателните бендови. Како што рече Брајан Ено, секој кој го купил овој албум подоцна основа свој бенд, изјави Хејнс најавувјаќи го проектот.

Тој нагласи дека филмот засега нема име.

– Документарецот за „Велветси“, кои во почетокот на кариерата беа домашен бенд во „фабриката“ на Енди Ворхол, сигурно ќе се базира на филмовите на Ворхол, но исто така и на богата култура на експерименталниот филм, рече Хејнс.