Тони Цетински со емотивна порака до Тоше Проески

Само два дена пред десет годишнината од смртта на Тоше Проески, хрватскиот пејач, Тони Цетински реши да сподели искрена порака до својот другар и соработник.

Цетински на својот Фејсбук профил напиша статус во кој зборува за тоа колку му е тешко да се помири со фактот дека Тоше го нема, а воедно и дека никој не може да ја пополни празнината која остана по него.

Драг мој Тоше,

Вечно ќе остане прашањето зошто тоа утро Бог реши да те земе тебе? Еве поминаа веќе 10 години откако те нема и недостигаш неизмерно.

Остана голема празнина по твоето заминување која никој никогаш нема да може да ја пополни. Знаеш ли зошто? Бидејќи ти беше и остана вистински пријател.

Затоа пријателу, не можам да прифатам дека те нема бидејќи така најверојатно ми е полесно. Кога сега би биле заедно знам дека би снимиле заедничка видео честитка за роденденот на мојата мајка и знам дека би уживале во сите други убави и важни денови, на нашите драги луѓе. Многу нешта би направиле кога би биле заедно.

Знај дека секогаш си покрај мене пријателу и дека си заслужен за секое мое добро дело, драг мој Тоше. За глупостите и грешките сум задолжен исклучиво јас, ме знаеш мене. Колку и да си го извлекувал најдоброто од мене и колку и понатаму да го извлекуваш, јас понекогаш сум способен сето тоа да го зезнам со своето наивно верување во луѓето бидејќи сите луѓе ги мерам по тебе и по она што претставува нашето пријателство. Најверојатно и тоа мора да биде така? Не знам и не ме интересира. Знам дека пријател како тебе нема да пронајдам во никого и не треба ниту да се обидувам да се лажам себе си. Ти си еден и единствен пријател и така ќе остане.
Знам дека си тука некаде и ти благодарам на сè што правиш. Те сака твојот брат, пишува Цетински во својот емотивен статус посветен на нашата прерано почината ѕвезда.