Виноскоп од 20-ти до 24-ти септември

Годинешното издание на Виноскоп ќе започне на 20 септември и ќе трае пет вечери, а локацијата е иста како и минатата година, плоштадот „Мајка Тереза“ кој се наоѓа пред Македонската опера и балет.

Џез изведувачи, традиционални песни од целиот свет, македонска музика и диџеи ќе го збогатат доживувањето на посетителите.