Се води ли тајна дипломатија за името?

Се водат ли тајни разговори за името. Последните случувања на релација Скопје-Атина укажуваат дека стапува на сила тајната дипломатија.Тв Нова анализира дека зачестените средби на грчките и македонските власти зад затворени врати имаат за цел далеку од очите на јавноста да се договори конечно решение за билатералниот спор а потоа да се тргне кон подготовка на граѓаните кое нема да биде нималку лесно. Во Солун веќе се подготвува големиот митинг за како што велат одбрана на Македонија, а протести срамежливо се најавуваат и во Скопје.

Грчките националисти предводени од коалицискиот партнер во владата Независни Грци во никој случај не се согласуваат во името кое ќе биде договорено да стои терминот Македонија,посебно ако тој е напишан на грчки јазик.

Главната болка на властите во Скопје и во Атина е како да се дојде до решение а да се избегне одржување на референдум. Ципрас и Коѕијас се одлучни дека одлуката треба да ја донесе Парламенттот.Но власта во Скопје е на поголеми маки ако се знае дека и во изборната програма на СДСМ стои дека крајното решение мора да биде ставено на референдум. Со цврст став дека референдум мора да има е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христојан Мицкоски.Но, така не мислат во ДУИ.

сметаат дека Собранието има легитинитет да донесе одлука за промена на името.

Османи во Атина го Коцијас преговараше во Атина зад затворени врати и без изјави за медиумите, слично како вчера во Солун и шефот на дипломатијата Димитров.По средбата МНР излезе само со кусо соопштение дека се очекува  на новата рунда преговори медијаторот Нимиц да понуди рамка за решавање на спорот. Не се исклучува можност на средбата во Њујорк на 17 јануари да присустуваат и Димитров и Коѕијас.

Што може да се очекува во Њујорк денеска навести  портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос. Според него, позицијата на Грција е едно име што ќе се користи за сите, а ќе има и промена на уставното име на соседната земја.

Дека двете земји водат тајни преговори обвини и лидерот на грчката опозиција Кирјакос Мицотакис. Според него, Владата наместо да се стреми кон национален консензус, води тајна дипломатија без да ги извести партиите за текот на разговорите.

И експертската јавност во Македонија е со став дека власта еднострани ги води преговорите и дека во нив мора да биде вклучен и ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија.

Дека македонско-грчкиот спор пред решение пишуваат и светските медиуми.Австриски „Куриер“ смета дека Скопје и Атина се подготвени на решение но предупредува дека  Русија нема да се предаде без борба во битката да ја спречи Македонија да влезе во НАТО.

Игор Чавески