АБА ЛИГА: ФМП го совлада МЗТ Скопје со 100-72

Неочекувано висок пораз на МЗТ Скопје на гости кај ФМП со 28 поени разлика, односно 100-72. Екипата од Аеродром добро го започна натпреварот, го реализираше првиот период  со 26 -25  но потоа следуваше  резултатски пад во играта кој домашниот тим го искористи.

Втората четвртина ФМП  ја реализира со 26-18 и на полувреме замина со девет поени предност. Во третиот период се играше израмнето а заврши со резултат 19-17. Последната четвртина клучна за  убедливата победа   на ФМП кој ја доби со 30-11.Бурсаќ со 17 и Ненадиќ со 16 поени беа најпрецизни во редовите на ФМП, додека кај МЗТ Скопје се истакнаа Гарсија со 14 и Лалиќ со 12 поени. За нашиот тим во АБА лигата прв пораз, додека ФМП стигна до првата победа, во третото коло МЗТ   се среќава  со Задар во понеделник во Скопје.