АБА Лига: Карпош Соколи со историска прва победа, падна непоразениот Будуќност во регионалната лига

Карпош Соколи ја забележа  првата победа во дебитанскиот настап во Јадранското натпреварување, во Скопје падна   Будуќност со 77:71, екипата од Црна Гора  досега немаше пораз во АБА.

Карпош Соколи ја забележа првата победа во АБА лигата, поразен Будуќност со шест разлика,  екипата од Црна Гора по осум победи во регионалното натпреварување неочекувано загуби од дебитантот во лигата.

Одличната игра во вториот период  беше клучен  за големата победа на Карпош Соколи кој  во овој дел постигна 25 поени, а додека прими само осум.  Најрасположен во редовите на „соколите“ беше Драган Лабовиќ со 18 поени, еден поен помалку постигна Зековиќ, двоцифрен беше уште и Вркиќ (12).